Акар: Ќе биде уште повеќе зголемено домашното и националното производство во одбранбената индустрија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека процентот на домашното и националното производство во одбранбената индустрија кој што е зголемен на 70 отсто, ќе биде уште повеќе зголемен

1139151
Акар: Ќе биде уште повеќе зголемено домашното и националното производство во одбранбената индустрија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар говореше на Самитот за обединување на силите кој што се одржува во Анкара и на кој учествуваат приближно 2 илјади снабдувачи при што привлече внимание на значењето на националното и домашното производство во одбранбената индустрија.

Акар истакна дека процентот на домашното и националното производство во одбранбената индустрија кој што е зголемен на 70 отсто, ќе биде уште повеќе зголемен.

Нагласувајќи дека се склучени договори со Пакистан за Милгем (националниот брод), со Катар за хаубиците Фиртина и со Украина за беспилотните летала (ИХА) со што Турција е дојдена во положба на земја која ги извезува овие оружја.

„Тоа што расте бројот на турските фирми кои влегуваат во списокот на првите 100 фирми во светот и со секоја година се зголемува прометот во одбранбената индустрија, е најјасниот показател и за тоа дека чекор по чекор напредуваме кон нашите цели за 2023 година. Во 2018 година прометот во одбранбената индустрија достигна до 7 милијарди долари и извозот за прв пат ја надмина границата од 2 милијарди долари и се доближи до 2,5 милијарди долари.“ - рече Акар.

Нагласувајќи дека извозот во одбранбената индустрија во споредба со 2017 година оставрува раст од 17 отсто, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Се покажува заинтересираност кон нашите хеликоптери АТАК од сите страни на светот. Авионот за почетна и основна обука Хуркуш е кандидат да стане зеница во окото на нашите Вооружени сили. Нашите граници ги браниме со оружје и уништувачи на дронови од домашно и национално производство.“



Слични вести