Состанок на заедничките работни групи на Турција и САД утре во Вашингтон

Во соопштението на МНР на Турција се истакнува дека со состанокот ќе копретседаваат заменик-министерот за надворешни работи Седат Онал и потсекретарот за политички прашања во американскиот државен секретаријат Дејвид Хејл

1138633
Состанок на заедничките работни групи на Турција и САД утре во Вашингтон

Состанокот на заедничките работни групи на Турција и САД ќе се одржи утре во Вашингтон.

Во објавеното писмено соопштение од министерството за надворешни работи беше соопштено дека, заменик-министерот за надворешни работи Седат Онал ќе учествува на состанокот на заедничките работни групи на Турција и САД, што ќе се одржи утре во Вашингтон.

Во соопштението се вели дека со состанокот ќе копретседаваат заменик-министерот за надворешни работи Седат Онал и потсекретарот за политички прашања во американскиот државен секретаријат Дејвид Хејл.

По посетата на поранешниот американски државен секретар Рекс Тилерсон во месец февруари минатата година на Анкара, со цел да се придонесе кон нормализирањето во билатералните односи, беа формирани три работни групи по прашањата на Сирија, конзуларните работи и борбата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Високите делегации продолжуваат да се состануваат со трите заеднички работни групи кои за прв пат се состанаа на 8 март во Вашингтон и кои работат на прашања посветени на присуството на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија, борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), конзуларните работи и заедничката борба против терористичката организација ПКК.

Дијалогот помеѓу Турција и САД продолжува во однос на прашања како што се процесот на повлекување на силите на САД од Сирија, присуството на терористичките организации во Сирија, продажбата на ракетните системи Патриот и истрагата на американското Федерално истражно биро (ФБИ) во врска со ФЕТО.

Состанокот што ќе се одржи утре претходно беше планирано да се одржи на 8 јануари во Вашингтон, меѓутоа поради посетата на советник за Национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон на Анкара, беше одложен за 5 февруари (утре).



Слични вести