Претседателот Ердоган вечерва ќе биде гостин на екраните на ТРТ

Претседателот Ердоган вечерва во 19:00 часот според турско време ќе биде гостин во заедничката програма на телевизиските екрани на Турската радио и телевизија ТРТ

1137653
Претседателот Ердоган вечерва ќе биде гостин на екраните на ТРТ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вечерва ќе биде гостин во заедничката програма на телевизиските канали на Турската радио и телевизија ТРТ.

Од овде претседателот Ердоган ќе даде значајни пораки до светот.

Ердоган во заедничката програма на екраните на ТРТ ќе говори за митинзите на неговата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) чиј е и претседател, предизборната кампања и манифестот на АК Партијата  пред локалните избори закажани за 31 март.

Освен тоа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во оваа прилика се очекува да даде значајни пораки и во однос на прашања посветени на дневниот ред на Турција и светот.

"Специјалната програма со претседателот" под модераторство на Сердар Караѓоз и Сермин Бајсал Ата ќе започне вечерва во 19:00 часот според турско време и ќе се емитува во заедничката програма на телевизиските канали на Турската радио и телевизија ТРТ.



Слични вести