Ердоган: Турција нема да им сврти грб на палестинската кауза и палестинскиот народ

Претседателот Ердоган истакна дека Турција нема да им сврти грб на палестинската кауза и палестинскиот народ и дека ќе продолжи да ги споделува со своите палестински браќа сите можности со кои што располага

1137717
Ердоган: Турција нема да им сврти грб на палестинската кауза и палестинскиот народ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во Истанбул ги прими  арапските пратеници во израелскиот  Парламент (Кнесет).

Приемот се одржа во дворецот Хубер, беше затворен за медиумите и траеше 1,5 час.

Во оваа пригода претседателот Ердоган истакна дека Турција нема да им сврти грб на палестинската кауза и палестинскиот народ и дека ќе продолжи да ги споделува со своите палестински браќа сите можности со кои што располага.

Ердоган напомена дека Турција ги користи сите  свои можности со кои што располага за да се стави крај на окупацијата во Палестина и да се воспостават мирот и спокојството.

Тој рече: „Турција нема да им сврти грб на палестинската кауза и палестинскиот народ.  Ќе продолжиме да ги споделуваме со нашите браќа сите можности со кои што располагаме.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган им се заблагодари на арапските пратеници за критичната задача што ја преземаат во израелскиот Парламент (Кенестот) како претставници на волјата на  Палестинците, с воедно ги повика пратениците да продолжат да делуваат во единство, заедништво и слога.

Ердоган им се заблагодари на арапските пратеници во израелскиот Парламент (Кнесетот) за ставот што го презентираат против „Израелскиот зулум во Газа“, „Законот за еврејска национална држава“ и „Неоснованите изговори кои што се изнесуваат во врска со Турција“.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган  воедно додаде дека таканаречениот „Закон за еврејска национална држава“ кој е усвоен во израелскиот Парламент (Кнесетот)  отворено и јасно ги негира правата на Палестинците кои се граѓани на Израел.

 



Слични вести