Претседателот Ердоган му честита на катарскиот емир Ал Тани за освојувањето на Купот на Азија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган разговараше телефонски со катарскиот емир Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани на кого му честита за освојувањето на Купот на Азија 2019 од страна на фудбалската репрезентација на Катар

1137549
Претседателот Ердоган му честита на катарскиот емир Ал Тани за освојувањето на Купот на Азија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска оствари телефонски разговор со катарскиот емир Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани.

Ердоган во телефонскиот разговор му честита на катарскиот емир Ал Тани за освојувањето на Купот на Азија од страна на фудбалската репрезентација на Катар што претставува најголемо достигнување во фудбалската историја на ова земја.

Во остварениот телефонски разговор освен тоа беше потврдена одлучноста за уште повеќе зајакнување на односите помеѓу Турција и Катар во секоја сфера. 

Како што се дознава претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и катарскиот емир Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани постигнале согланост да бидат во близок контакт.

Инаку, фудбалската репрезентација на Катар во финалето на Азискиот куп 2019 ја победи Јапонија со резултат од 3:1 и стана шампион што претставува најголемо достигнување во фудбалската историја на ова земја.

По овој постигнат историски успех  голем број граѓани на Катар синоќа излегоа на улиците и централните плоштади каде што ја славеа победата.

На улиците на главниот град на Катар, Доха илјадници граѓани носеа знамиња во своите раце и пееја патриотски песни.

 

 

 



Слични вести