На 5 февруари Ципрас ќе допатува во посета на Турција

Во рамките на дводневната посетата Ципрас ќе биде примен од страна на претседателот РеџеП Тајип Ердоган

1136860
На 5 февруари Ципрас ќе допатува во посета на Турција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на 5 февруари ќе допатува во дводневна официјална посета на Турција.

Портпаролот на грчката влада Димитрис Џанакопулос на брифингот за печатот одговараше на прашањата на новинарите.

Портпаролот Џанакопулиос рече дека на покана на турскиот претседател на 5 и 6 февруари, премиерот Ципрас ќе престојува во официјална посета на Турција.

Во рамките на дводневната посетата Ципрас ќе биде примен од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Првиот ден на посетата Ципрас ќе биде примен од страна на претседателот Ердоган. По средбата двајцата лидери ќе одржат заедничка прес конференција. Претседателот Ердоган ќе приреди свечена вечера во чест на Ципрас.

Џанакоплос меѓудругото рече дека следниот ден премиерот Алексис Ципрас ќе отпатува за Истанбул каде што ќе го посети патријархот на грчката патријаршија во Истанбул Вартоломеј.



Слични вести