Ердоган: „Ќе ги елиминираме остатоците на ДЕАШ“

Честопати исламскиот свет не може да води навремена, ефикасна и успешна борба против кризите кои се случуваат на своите територии

1134412
Ердоган: „Ќе ги елиминираме остатоците на ДЕАШ“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека ќе ја исчистиме источната страна на реката Еуфрат во Сирија од терористите и во подрачјето ќе завладее мир и просперитет.

Во говорот на Состанокот на формирањето на мрежата за соработка меѓу Црвената полумесечина и Црвениот крст во подрачјето на делување на Организацијата за исламска соработка во Истанбул, Ердоган рече:

Честопати исламскиот свет не може да води навремена, ефикасна и успешна борба против кризите кои се случуваат на своите територии.

За жал и натаму продолжува да се слуша гласот и повикот на угнетените и оштетените од различни предели на исламскиот свет.

Турција наскоро ќе ги исчисти остатоците на терористичката организација ДЕАШ (ИСИЛ) кои беа оставени свесно како и оние кои се обучуваат против нашата земја, рече Ердоган.

Турција освен искоренувањето на корените на терористичката организација, вложува големи напори за олеснување на неповолното влијание на човечките кризи.



Слични вести