Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со Нечирван Барзани

Министерот за надворешни работи Чавушоглу разговараше телефонски со премиерот на Регионалната курдска управа на Ирак Нечирван Барзани во врска со вчерашниот извршен провокативен напад на една воена база на Турските вооружени сили (ТВС) во северот на Ирак

1133927
Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со Нечирван Барзани

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со премиерот на Регионалната курдска управа на Ирак Нечирван Барзани.

Според добиени информации од дипломатски извори, премиерот на Регионалната курдска управа на Ирак Нечирван Барзани во телефонскиот разговор истакна дека се преземени неопходните мерки и е започната истрага во врска со вчерашниот извршен провокативен напад од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК врз воената база на Турските вооружени сили (ТВС) во северниот дел на Ирак.

Инаку, Министерството за национална одбрана вчера соопшти дека вчера со провокација на терористичката организација ПКК беше извршен напад врз воената база на Турските вооружени сили (ТВС) во северниот дел на Ирак и дека во нападот беше причинета штета во некои возила и воена опрема.

Во соопштението на министерството беше истакнато следното: "Како резултат на провокацијата на терористичката организација беше извршен напад врз една наша воени база во северниот дел на Ирак. Во нападот беше причинета штета во некои возила и воена опрема. Во врска со случајот се преземаат неопходните мерки."



Слични вести