Фахреттин Алтун: Зад нападот врз турската воена база во северен Ирак се наоѓаат терористите на ПКК

Фахреттин Алтун истакна дека зад провокацијата со нападот врз турската воена база во северниот дел на Ирак се наоѓаат терористите на ПКК кои се обидуваат да ги доведат еден наспроти друг народот и турските војници во подрачјето

1133837
Фахреттин Алтун: Зад нападот врз турската воена база во северен Ирак се наоѓаат терористите на ПКК

Шефот на одделот во Кабинетот на претседателството Фахреттин Алтун, во врска со вчерашниот извршен напад од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК врз воената база на Турските вооружени сили (ТВС) во северниот дел на Ирак истакна дека извршителите на нападот криејќи се меѓу цивилите се обидуваат да ги нарушат односите помеѓу турските војници и локалниот народ.

Алтун за новинската агенција Блумберг изнесе проценки во врска со извршениот напад врз турската воена база во северниот дел на Ирак.

Фахреттин Алтун потсети дека вчера беше извршен терористички напад врз една воена база во близина на градот Дихок и рече: "Поради оваа доживеана провокација, освен тоа што немаме било какви загуби е причинета штета во дел од воената опрема."

Велејќи дека се преземени неопходните мерки за спречување на цивилните загуби во околината на воената база на Турските вооружени сили (ТВС), Алтун рече: "Утврдивме дека терористите на ПКК преку социјалната медија и на други платформи спроведуваат активности за дезинформација во врска со вчерашниот напад. Ги повикуваме претставниците на турскиот печат да бидат внимателни пред овие активности на организацијата и потсетуваме дека терористите на ПКК применуваа слични тактики во минатото."

Шефот на одделот за комуникации на претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун истакна дека Турција е одлучна да ја продолжи блиската соработка со народот на Дихок и дека прави се што е во нејзина можност за спречување на цивилните загуби во подрачјето.

Од друга страна според добиени информации, установено е дека извршените напади врз воената база Сури на Турските вооружени сили (ТВС) во северниот дел на Ирак биле започнати од страна на терористи на ПКК облечени во цивилна облека со тоа што најпрвин биле фрлани камења, а потоа постепено била зголемена дозата на нападите.

Во нападите била причинета штета во дел од воената опрема и возилата, но немало човечки загуби во воената база.

Како што се нагласува за време на нападите терористите на ПКК на сличен начин со претходните тактики како и секогаш вложуваат обиди да ги доведат еден наспроти друг народот и турските војници, поради што интензивно биле преземени неопходните мерки за да не дојде до зголемување на инцидентите и притоа било покажано максимално внимание и чувствителност за да не биде причинета било каква штета врз цивилите.

Воедно се додава дека се преземени потребните безбедносни мерки во воената база и дека воениот персонал продолжува да ја извршува својата задача.



Слични вести