Турција го поздрави ратификувањето на Договорот од Преспа и во грчкиот Парламент

"Турција го дочека со задоволство ратификувањето на Договорот од Преспа и од страна на Парламентот на Грција", - истакна портпаролот на министерството за надворешни работи Хами Аксој

1133485
Турција го поздрави ратификувањето на Договорот од Преспа и во грчкиот Парламент

Портпаролот на министерството за надворешни работи Хами Аксој соопшти дека Турција го дочека со задоволство ратификувањето вчера и во грчкиот Парламент на Договорот од Преспа во врска со спорот за името помеѓу Македонија и Грција.

Аксој одговори писмено на едно поставено прашање до министерството посветено на овој долгогодишен спор помеѓу двете земји.

Портпаролот Аксој подвлече дека Турција уште од прогласувањето на нејзината независност ја признава Република Македонија под ова нејзино уставно име и напомена дека прашањето кое што се нарекува "спор со името" 27 години како создава препрека  особено пред процесите на членството на Македонија во НАТО и Европската унија (ЕУ).

"Чувствуваме задоволство од ратификувањето на Договорот од Преспа кој што носи решение за ова прашање, и во Парламентот на Грција, поаѓајќи притоа од сфаќањето дека е крената препреката пред зачленувањето на Македонија во НАТО и ЕУ." - рече портпаролот на министерството за надворешни работи Хами Аксој.

Инаку, грчкиот Парламент вчера  го ратификува Договорот од Преспа постигнат помеѓу владите на Македонија и Грција за решавање на приближно 28-годишниот спор со името.

Договорот со кој се предвидува името на Македонија да се промени во „Република Северна Македонија“, на одржаното гласање во грчкиот Парламент составен од вкупно 300 пратеници, беше усвоен со гласовите на 153 пратеници, 146 пратеници беа „против“, додека еден пратеник беше воздржан.



Слични вести