Заедничка прес-конференција на Ердоган и Прека: Нов период во односите меѓу Турција и Малта

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседателката на Малта Марија Луис Колеиро Прека вчера вечер одржаа заедничка прес-конференција во претседателската палата во Бештепе, во Анкара

1132809
Заедничка прес-конференција на Ердоган и Прека: Нов период во односите меѓу Турција и Малта

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера вечер се состана со претседателката на Малта Марија Луис Колеиро Прека која престојува во посета на Турција.

По средбата лице в лице помеѓу двајцата претседатели Ердоган и Прека се премина на разговори меѓу делегациите на двете земји, а потоа двајцата лидери одржаа заедничка прес-конференција во претседателската палата во Бештепе, во Анкара.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа во оваа пригода во врска со случувањата во Венецуела нагласи дека оние кои водат борба за демократија треба да застанат покрај оние кои се избрани со избори.

Ердоган ја продолжи својата реакција против обидот за државен удар во Венецуела и рече: „Ако немате почит кон резултатот од изборите, тоа не може да се нарекува демократија.“ 

Повторувајќи дека го побарал по телефон венецуелскиот претседател Николас Мадуро и му рекол да „не ги зема во предвид антидемократските иницијативи и да стои исправен“, претседателот Ердоган го напомена и тоа дека бил шокиран од приодот на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Верувам дека Мадуро ќе стои цврсто исправен на патот во кој верува и дека ако продолжи, венецуелскиот народ ќе застане зад својот лидер кого го избра и кого го поддржува“, - рече Ердоган.

Тој истакна дека чувствува големо задоволство од тоа што је пречекува претседателката на Малта Марија Луис Колеиро Прека која престојува во официјална посета на Турција.

Претседателот Ердоган рече: „По повод оваа историска посета верувам и се надевам дека ќе започне нов период во нашите политички односи.“

Ердоган се осврна и на односите со ЕУ при што напомена дека ветувањето кое што Европската унија го даде на Турција во врска со бегалците не е исполнето.

„ЕУ испрати само четвртина од парите од фондот од 6 милијарди долари за бегалците во Турција", рече Ердоган и истакна дека Турција и Малта имаат многу добри односи, додавајќи дека Турција секогаш е спремна да соработува со Малта.

Велејќи дека во последните години е доловен интензивен развој во односите помеѓу двете земји во секоја сфера, Ердоган посети дека овие позитивни случувања започнаа со посетата што ја оствари претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим на Малта кој тогаш беше на функција премиер, а потоа овој развој продолжи со остварените посети на ниво на министри на двете земји.

Ердоган потсети дека со својата колешка Прека се стекнале со можност за разгледување на односите помеѓу двете земји со сите нивни поединости и рече: „Постигнавме согласност по прашањето на носење понапред на нашите односи во голем број сфери како што се туризмот, образованието и поморството, и особено на чело со енергијата.“

Тој напомена дека на остварените разговори е презентирана заедничка волја и по прашањето на зголемување на обемот на взаемната трговија на 2 милијарди долари.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Малта се наоѓа меѓу силните бранители на членството на Турција во Европската унија (ЕУ) поради што и се заблагодари и рече: „По тој повод верувам дека оваа нивна поддршка во нашите односи со ЕУ ќе продолжи и тоа особено во наредниот период. Овде, визната либерализација и ажурирањето на Царинската унија ќе се одрази на нашите односи со Малта во вид на поголема услуга, инвестирање и туризам.“  

Претседателката на Малта Марија Луис Колеиро Прека пак, изјави дека нејзината земја ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Турција.

„Ние како Малта ќе продолжииме да го поддржува пристапувањето на Турција во Европската унија (ЕУ). Ние го поддржуваме проширувањето на ЕУ и како потреба на визијата и како потреба на мисијата на Малта. Ние како Малта веруваме дека тоа е потребно за мирољубива, инклузивна и просперитетна Европа и регион", - рече Прека.

Велејќи дека ги дочекуваат со задоволство и ги ценат обидите на Турција во правец на воспоставување на дијалогот во регионот, Прека рече: „Турција се обидува да преземе улога на катализатор за безбедноста и мирот во регионот. Со заслугите на вашата влада и лично вашите заслуги, вашата земја стана место каде што се засолнаа милиони бегалци и мигранти.“ 

Претседателката Марија Луис Колеиро Прека привлече внимание дека односите кои што се развиваат во последните години резултираа со партнерства кои што обезбедуваат взаемна корист и рече: „Овие партнерства со текот на времето ги зајакнавме уште повеќе на начин што ќе бидат во полза на двата народи.“

 



Слични вести