Ердоган: Турција е единствената сила која ќе овозможи функционирање на безбедната зона во Сирија“

Претседателот Ердоган во врска со планот за формирање на безбедна зона на границата со Сирија истакна дека Турција е единствената сила која ќе го  овозможи функционирањето на оваа безбедна зона.

1133379
Ердоган: Турција е единствената сила која ќе овозможи функционирање на безбедната зона во Сирија“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во градот Ерзурум говореше на церемонијата на претставување на кандидатите на владејачката АК Партија за градоначалник и претседатели на општини во овој град (округ), на локалните избори закажани за 31 март, оваа година.

Ердоган во врска со планот за формирање на безбедна зона на границата со Сирија истакна дека Турција е единствената сила која ќе го овозможи функционирањето на оваа безбедна зона.  

„Доколку не бидат одржани дадените ветувања за безбедната зона, ќе ја формираме ние. Во наши раце треба да биде и фактичката контрола на теренот. Декларираме дека сме затворени за предлозите за решение надвор од тоа. Ако се појави сметка за тоа подготвени сме и да ја платиме таа сметка.“

Потсетувајќи на постигнатиот Договор од Адана помеѓу Сирија и Турција во 1998 година, претседателот Ердоган рече: „  Нема потреба некои нас да не поканат. Ионака со договорот од Адана го зедовме тоа под потпис. Тој потпис го отвора патот во случај на било какви негативни случувања Турција да влезе на тие територии.“

Осврнувајќи се и на обидот за државен удар во Венецуела, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Никогаш не бевме покрај пучистите и нема да бидеме и во иднина, секаде онаму каде што постојат пучисти во светот ние сме против нив.“



Слични вести