Ердоган го соопшти бројот на припадниците на терористичката ПЈД/ЈПГ во Менбич

Претседателот Ердоган рече: „Заклучно со бројките со кои што располагаме ние, моментално во Менбич има 1000 припадници на ПЈД/ЈПГ. Има и некои кои велат дека толку ги нема, но бројките со кои што располагаме ние се тие.“

1132872
Ердоган го соопшти бројот на припадниците на терористичката ПЈД/ЈПГ во Менбич

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во авионот на враќање во земјата од посетата на Москва каде што се состана со рускиот претседател Владимир Путин даде значајни изјави за новинарите.

Како што рече претседателот Ердоган, Русија и САД истакнаа дека ЈПГ, сирискиот огранок на сепаратистичко терористичката организација ПКК ќе го напушти подрачјето на Менбич.

„Заклучно со бројките со кои што располагаме ние, моментално во Менбич има 1000 припадници на ПЈД/ЈПГ. Има и некои кои велат дека толку ги нема, но бројките со кои што располагаме ние се тие. Населението на градот 80-90 отсто се состои од сунитски Арапи. Се знае кои се вистинските сопственици на тие места. Заклучно со точката до која што е дојдено денеска, и Русија и САД велат дека ПЈД/ЈПГ ќе го напушти Менбич. Се надеваме дека ќе се повлече и дека тие ќе бидат испратени источно од Еуфрат.“ - рече Ердоган.    

Велејќи дека во Сирија се наоѓаат терористички организации кон кои цели Турција, Ердоган рече: „Располагаме со способност да ја воспоставиме безбедноста и стабилноста во Идлиб, во Менбич, во источниот дел на Еуфрат.“

„Нашата позиција по прашањето на ПЈД/ЈПГ е јасна. Ние и придаваме значење на безбедноста на нашите курдски браќа во Сирија, многу повеќе од било кој друг. Односно, во однос на ова прашање не може никако да се појасни тоа што терористичката организација ПЈД/ЈПГ би се сметала исто со нашите курдски браќа.“ - подвлече Ердоган.

На дневен ред на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган беше и постигнатиот договор од Адана помеѓу Турција и Сирија во 1998 година.

Велејќи дека договорот од Адана „претставува значаен фрлен чекор“, Ердоган рече: „Сметам дека тоа е значаен договор со кој што би била почувствувана тежината на Турција во регионот. Тој договор треба да го поставиме на маса против оние кои велат (прашуваат) кој ја покани овде Турција. Под него стои потписот на функционерите на таткото Асад. Тој договор треба добро да се проценува.“

Претседателот Ердоган привлече внимание и на тоа дека има такви кои се во обид да се стави крај на процесот од Астана во врска со што рече: „Не чувствуваме дека се уште е стигнато до последната висорамнина во Сирија. Ние против оние кои се во обид да се стави крај на процесот од Астана, стоиме на значењето на овој процес. Значајно е да се оживее духот од Астана. Некои се однесуваат како тие да се таму, а нас како да не нема.“

Говорејќи и за прашањето на безвизниот режим помеѓу Турција и Русија, претседателот Ердоган истакна дека процесот е при крај и рече: „Се очекува потписот на Путин“.



Слични вести