Омер Челик: Ниту една земја не може да назначи претседател на Венецуела или на било која друга земја

Портпаролот на АК Партијата Омер Челик истакна дека ниту една земја не може да назначи претседател на Венецуела или на било која друга земја

1132429
Омер Челик: Ниту една земја не може да назначи претседател на Венецуела или на било која друга земја

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик на својата сметка на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со изјавата на претседателот на Националното Собрание на Венецуела Хуан Гуаидо кој себе си се прогласи за „привремен претседател“ на државата.

Омер Челик истакна дека ниту една земја не може да назначи претседател на Венецуела или на било која друга земја.

Привлекувајќи внимание оние кои западнале во лудоста да назначат претседател на една земја сигурно имаат своја корист од тоа, Челик ја изнесе следната констатација: „Ниту една земја не може да 'назначи' претседател на Венецуела или на било која друга земја. Земјите кои се раководат со демократија, да избираат претседател на држава на една друга земја по пат на 'назначување', претставува целосна глупост и агресија. Ова е нелегитимен акт.“

Омер Челик во својата објава нагласи дека да се каже „Ова е вашиот привремен претседател“ претставува навреда за венецуелскиот народ и рече: „Оние кои одат по оваа навреда да размислат и да застанат да се погледнат на огледалото, да помислат како би постапил херојот на борбата за ослободување на Латинска Америка, Симон Боливар, да беше жив.“

 



Слични вести