Ле Дријан: Нормално е тоа што Турција сака да ја воспостави безбедноста на своите граници

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан истакна дека нормално е тоа што Турција сака да ја воспостави безбедноста на своите граници

1132221
Ле Дријан: Нормално е тоа што Турција сака да ја воспостави безбедноста на своите граници

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан говореше пред Комисијата за надворешни работи во Сенатот каде што се осврна на актуелни прашања.

Ле Дријан истакна дека нормално е тоа што Турција сака да ја воспостави безбедноста на своите граници.

Шефот на француската дипломатија напомена дека постојат прашални знаци во врска со примената „безбедна зона“ во Сирија која Турција ја изнесе пред 4 години и сега американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја постави на дневен ред.

Велејќи дека овие прашални знаци би можеле да бидат поставени на дневен ред на состанокот на меѓународната коалиција што ќе се одржи на 6 февруари во Вашинтон, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан додаде дека треба да се разговара за границите на областа (зоната) за која станува збор и за земјите гарантори.



Слични вести