Ердоган: „Турција е единствената земја со хуманитарни цели во Сирија“

Нас ни се доволни овие 780 илјади километри квадратни на татковината

1132358
Ердоган: „Турција е единствената земја со хуманитарни цели во Сирија“

„Турција е единствената земја која во Сирија е присутна од хуманитарни причини, истакна претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Претседателот Ердоган учествуваше на церемонијата на претставување на Турската воена академија во Анкара.

„Нас ни се доволни овие 780 илјади километри квадратни на татковината“ рече Ердоган додека во освртот на безбедносната зона која што се предвидува да се формира на границата со Сирија рече дека Турција нема никаква намера за окупација на туѓи територии.

„Целта на операциите на Турција освен тоа што е обезбедување на безбедноста на границите и земјата, исто така  е да воспостави мир и спокојство во регионот.

Ердоган подвлече и на значењето на договорот меѓу Турција и Сирија постигнат во 1998 година во Адана кој се однесува на безбедноста на границите.

„Турција е против сите обиди и државни удари во целиот свет, без оглед на тоа каде и да се изврши“ рече Ердоган.



Слични вести