Ердоган: Ќе продолжи заедничката борба на Турција и Русија против терористичките организации во Идлиб

Претседателот Ердоган по остварената средба со Путин вчера во Москва истакна дека ќе продолжи заедничката борба на Турција и Русија против терористичките организации во подрачјето на градот Идлиб, во Сирија

1132102
Ердоган: Ќе продолжи заедничката борба на Турција и Русија против терористичките организации во Идлиб

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера престојуваше во еднодневна работна посета на Русија каде што се состана со својот колега, претседателот Владимир Путин.

Средбата лице в лице помеѓу двајцата претседатели траеше приближно два часа, по што се премина на разговори помеѓу делегациите на двете земји.

Главна тема на разговорите во Москва беа случувањата во Сирија, како и билатералните односи и регионални и меѓународни прашања

Потоа двајцата лидери Ердоган и Путин во дворецот Кремљ одржаа заедничка прес-конференција.

Претседателот Ердоган истакна дека ќе продолжи заедничката борба на Турција и Русија против терористичките организации во подрачјето на градот Идлиб, во Сирија.

Велејќи дека со претседателот Путин се стекнале со можност да ја разгледат особено ситуацијата во Сирија, Ердоган рече: „Го разгледавме резултатот од примената како на спогодбата за Идлиб, така и на четворниот самит за Сирија. Ги преразгледавме случувањата на теренот на чело со оние во Идлиб. Направивме проценки во однос на одлуката на САД за повлекување. Соработката на Турција и Русија е камен темелник од аспект на мирот, безбедноста и стабилноста на Сирија. Благодарение на нашиот близок дијалог и нашата соработка, фрливме потпис на голем број успеси и позитивни случувања. Одлучни сме да ја зајакнеме нашата координација со нашите руски пријатели. Од критично значење е за време на процесот на повлекување на САД, да не се појави празнина која би била злоупотребена од страна на терористичките организации. Моите проценки по ова прашање ги споделив со мојот ценет пријател. Ми реков дека нашата единствена цел како Турција е овие места да се исчистат од терористичките организации како ПЈД/ЈПГ, на чело и со ДЕАП. Многу добро знаеме и од чија страна се поддржуваат и од чија се провоцираат тие. Би сакал да ја изнесам и потребата од водење на заедничка борба против терористичките организации кои имаат за цел да ја минираат турско-руската соработка.“

На прашањето на еден новинар во врска со последната состојба во однос на подрачјето на градот Идлиб и Уставотворната комисија за Сирија, претседателот Ердоган одговори со зборовите: „Мојот ценет пријател, на мошне јасен и отворен начин го даде одговорот како во врска со Идлиб, така и во врска со Уставотворната комисија. Нашата борба против терористичките организации во Идлиб ќе продолжи на ист начин. Борбите со терористичките организации не се моментални. Ќе ја продолжиме оваа борба. Бидејќи, нашата цел е таму да би можеле да ги воспоставиме спокојството, радоста на сирискиот народ и да не им дозволиме (на терористичките организации) таму да трепнат. Ја потврдивме оваа наша солидарност. Што се однесува до Уставотворната комисија; разговаравме меѓусебно и за ова прашање и ги информиравме нашите министри за надворешни работи.“   

Велејќи дека на средбата била направена проценка и на прашањето за враќање на сириските бегалци назад во своите домови, претседателот Ердоган рече: „Како земја која ја отворивме нашата прегратка за приближно 4 милиони бегалци, ова прашање не засега од близу. Досега во областите кои што ги исчистивме од тероризмот, како со операцијата Еуфратски штит, така и со Маслиново гранче, се вратија назад 300 илјади Сиријци. Нашите сириски браќа на простор од 4 илјади квадратни километри кој што се протега од Африн до Џераблус го продолжуваат својот живот во нормални услови, далеку од терор, во безбедност и во спокојство. Овој модел со кој што е отворен патот за враќање назад треба да се применува и источно од Еуфрат.“

Ердоган нагласи дека оваа соработка ќе биде продолжена и со билатералните контакти во наредниот период и со разговорите од форматот од Астана, во врска со што рече: „Наредниот месец, овојпат со учество и на господинот Рухани ќе оствариме нов троен самит во Русија. Освен тоа веднаш потоа ќе го одржиме и нашиот состанок на Советот за стратешка соработка на високио ниво.“

 



Слични вести