Алтун: Територијалниот интегритет и политичката стабилност на Сирија се од клучен приоритет за Турција

Шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателството Фахреттин Алтун во својата објава преку социјалната медија напиша: „Територијалниот интегритет и политичката стабилност на Сирија се од клучен приоритет за Турција“

1131468
Алтун: Територијалниот интегритет и политичката стабилност на Сирија се од клучен приоритет за Турција

Шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателството Фахреттин Алтун објави соопштение во врска со денешната посета на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Русија.

Алтун во соопштението што го објави на својата сметка преку социјалната медија истакна дека претседателот Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин ќе разговараат за регионални и меѓународни прашања, на чело со последните случувања во Сирија.

Нагласувајќи дека Турција не води борба само против сите форми на тероризмот, Алтун рече: „Ние истовремено работиме и за изнаоѓање на политичко решение за разорната криза, веднаш до нас.“

Шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателството Фахреттин Алтун во својата објава напиша: „Територијалниот интегритет и политичката стабилност на Сирија се од клучен приоритет за Турција. Ќе продолжиме да работиме во правец на оваа цел.“



Слични вести