Во пожарот во двата брода во Керченскиот теснец животот го загубија 14 лица

Во пожарот што се појавил за време на доставување на гориво помеѓу два брода кои што пловеле под знамето на Танзанија во Керченскиот теснец животот го загубија 14 лица, а 12 лица беа спасени

1130883
Во пожарот во двата брода во Керченскиот теснец животот го загубија 14 лица

Продолжуваат работите за гаснење на пожарот што се појави во два брода кои доставуваа гориво во Керченскиот теснец во Црното Море, во близина на Крим.

Во објавеното соопштение од Руската агенција за поморство се истакнува дека по пожарот во два брода кои што пловеле под знамето на Танзанија во Керченскиот теснец работите за гаснење на пожарот продолжуваат.

Во соопштението се вели дека поради пожарот што се појавил за време на доставување на гориво помеѓу двата брода животот го загубија 14 лица, а 12 лица беа спасени.

Во соопштението од прес-канцеларијата на одделот за комуникации на претседателството на Турција се истакнува дека во двата брода имало вкупно 31 член на екипажот и дека од двата брода биле спасени вкупно 8 турски граѓани.

Во соопштението се истакнува дека здравствената состојба на спасените турски граѓани била добра и се вели следното: „Заедно со тоа што пристигнуваат инвормации околу тоа дека меѓу загинатите се наоѓаат и наши граѓани, се чека да се потврди точниот број.“

Според добиени информации од руски функционери, согласно првични сознанија пожарот што избувнал поради експлозијата до која што дошло во едниот од двата брода на кои се наоѓале турски и индиски членови на екипажот за време на доставување на гориво во близина на Керченскиот теснец, постои можност да се појавил поради „прекршување на безбедносните процедури“.

Како што се наведува двата брода кои што превезувале вкупно 4,7 илјади тони течен гас пловеле за руското пристаниште Кубан.



Слични вести