Омер Челик: Турција ќе ја елиминира заканата во источниот дел на Еуфрат

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик истакна дека Турција ќе ја елиминира заканата во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија

1130659
Омер Челик: Турција ќе ја елиминира заканата во источниот дел на Еуфрат

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик на одржаната прес-конферемнција вчера во седиштето на Партијата во Анкара направи проценка на актуелните случувања, а потоа одговараше на прашањата на новинарите

Челик истакна дека Турција ќе ја елиминира заканата во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија. 

Привлекувајќи внимание на терористичките напади до кои што доаѓа во последните денови во северниот дел на Сирија, по одлуката на САД дека ќе ги повлече своите војници од Сирија, Омер Челик истакна дека кога и да бидат фрлени правилни чекори се појавуваат вакви провокации. 

Тој привлече внимание на изјавите кои што пристигнуваат од САД по соопштената одлука за повлекување од Сирија и рече: „Кога ќе напишете по ред во чија штета ќе бидат овие случувања, ќе биде познато од чија страна се врши оваа провокација. И покрај овие провокации ние сме на страната на продолжување на патната карта.“

Омер Челик напомена дека САД треба да инсистираат на прашањето на повлекување на своите војници од Сирија.

„Турција, ќе управува со борбата против ДЕАШ и ќе ја преземе безбедноста во Менбич, така да Таа располага и со сила и со капацитет за формирање на безбедната зона“, - подвлече Челик.

Разјаснувајќи го и прашањето со безбедната зона за која што се планира да се формира во Сирија, Омер Челик рече: „Ва прва фаза станува збор за протерување на ЈПГ од безбедната зона. Во оваа зона не ги сакаме ниту ДЕАШ, ниту ЈПГ, меѓутоа вистинското прашање овде е да не остане било каква терористичка организација на било кое место во Сирија.“ 

Портпаролот на АК Партијата Омер Челик напомена дека треба добро да се разбере овдешниот став на Турција и рече: „Сликата што се појави источно од Еуфрат, во северниот дел на Сирија, претставува закана од прв степен за Турција и Република Турција ќе ја елиминира оваа закана. На одреден начин е отворен и патот за елиминирање на оваа закана, ние секако сакаме тоа да го направиме во координација со нашите сојузници. Се наоѓаме во секој вид координација со нашите сојузници, меѓутоа на крај нашите сојузници и да би покажале и да не би покажале чувствителност по ова прашање, Република Турција ќе ги преземе неопходните мерки во врска со сопствената безбедност.“ 

 



Слични вести