Акар: Борбата против тероризмот продолжува внатре во земјата и надвор преку границата

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека борбата против тероризмот продолжува со одлучност внатре во земјата и надвор преку границата

1130252
Акар: Борбата против тероризмот продолжува внатре во земјата и надвор преку границата

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба и на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантите на родовите се состана со воените ученици на Копнената воена школа на Универзитетот за национална одбрана во Анкара.

Во своето обраќање во оваа пригода министерот Акар истакна дека борбата против тероризмот продолжува со одлучност внатре во земјата и надвор преку границата.

Хулуси Акар рече: "Во нашата блиска географија станува збор за сериозни конфликти, одмерувања на сили. Тие предизвикуваат и создаваат сериозни ризици, закани и опасности за нас и за нашата земја. Ние како држава Република Турција ги направивме сите видови планирања и студии за елиминирање на овие закана и опасности.  Се вложуваат сите напори за елиминирање на овие ризици, закани и опасности за кои што станува збор, и за воспоставување на единството, целоста и безбедноста на нашата земја."

Велејќи дека борбата против тероризмот продолжува да се води со одлучност внатре во земјата и надвор преку границата против сите видови терористички организации на чело со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) и вклучувајќи ги и ПКК, ЈПГ, ПЈД, СДФ и ДЕАШ, министерот за национална одбрана Хулуси Акар продолжи со следните зборови: "За да би биле нашите вооружени сили ефикасни, со сила на одвраќање и угледни, како досега така и денеска ќе продолжиме да работиме сите заедно, рамо до рамо со сите наши  институции и со секој поминат ден да го зголемуваме ова наше ниво. Оваа потреба не се однесува само на заканите и опасностите со кои што се соочуваме денеска, туку истовремено се однесува на иднината, опстојувањето, постоењето и идните генерации на нашата земја. Секако дека една армија треба да располага со современи технологии на оружје, но тоа и не е доволно. Колку и да се модерни вашите средства и опремата, она што е суштинско е персоналот од чија страна тие ќе се користат. За нас е од големо значење да се обучува персоналот од чија страна ќе бидат управувани и командувани Турските вооружени сили (ТВС)."

Министерот Акар напомена дека по предавничкиот обид за државен удар на ФЕТО беше реализирана операцијата Еуфратски штит во која беа неутрализирани повеќе од 3 илјади терористи членови на ДЕАШ, а потоа беше реализирана и операцијата Маслиново гранче.

Појаснувајќи дека во операцијата Маслиново гранче во Африн во Сирија беа неутрализирани терористите членови на терористичката организација ПКК/ЈПГ, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: "ПКК не е различна од ЈПГ. Тоа треба многу добро да се знае, ПКК е рамно на ЈПГ, во тоа нема никаква дискусија. Доказите, сликите, информациите, документите за тоа се насекаде. Тоа претставува вистина која што би ја разбрал секој оној кој сака да го разбере тоа. Така и припадниците на ПКК/ЈПГ во Африн беа закопани во рововите кои што ги ископаа.  Таму беа неутрализирани повеќе од 4.500 терористи."

Велејќи дека онака како што географијата е судбина на народите, толку и Турција е судбина на оваа географија, Акар заклучи: "Секој треба да го знае тоа. Нас не има и ќе продолжи да не има на оваа географија."



Слични вести