Ердоган: Нема да дозволиме безбедната зона во Сирија да се претвори во ново мочуриште против нашата земја

Претседателот Ердоган во својот говор на состанокот на Економскиот совет на Унијата на турските комори и берзи (ТОББ) рече: „Никогаш нема да дозволиме безбедната зона во Сирија да се претвори во ново мочуриште против нашата земја“

1130084
Ердоган: Нема да дозволиме безбедната зона во Сирија да се претвори во ново мочуриште против нашата земја

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на состанокот на Екомскиот совет што се одржа во салата за конференции на Унијата на Турските комори и берзи (ТОББ) и во оваа пригода истакна дека оние кои ќе извршат и најмал напад против Турција скапо ќе ја платат сметката за тоа.

Ердоган рече: „На чело со ДЕАШ, сите, ЈПГ, ПЈД скапо ќе ја платат сметката за тоа. Затоа никој да не се осмели да не вознемири. Некои со сета сила работат по пат на политиката, некои на теренот со оружје, некои на масата со дипломатија, за да ја внесат Турција повторно во тие нивни тесни калапи во своите глави. Но тие денови веќе останаа назад, во минатото.“

Велејќи дека се посакува разговорите со САД, Русија и другите средини да резултираат со разбирање, претседателот Ердоган рече:

„Меѓутоа тоа не значи дека ќе чекаме до крај, дека ќе го набљудуваме завршувањето на подготовките кои што се водат во правец на решението. Случувањата ги следиме од сосема блиску. Ако бидат одржани ветувањата кои што ни се дадени и процесот функционира, ќе биде добро. Во спротивно ионака во голема мера ги завршивме нашите подготовки, ќе продолжиме да ги фрламе неопходните чекори во правец на нашата сопствена стратегија.“ 

Во врска со безбедната зона пак, која што е поставена на дневен ред да се формира во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: 

„Никогаш нема да дозволиме безбедната зона во Сирија да се претвори во ново мочуриште против нашата земја. Нашиот предлог за формирање безбедна зона е со цел терористичките организации на одреден начин да бидат ставени под контрола на Турција, да се држат далеку, да се дистанцираат од нашите граници.“

 



Слични вести