Одговор од Ибрахим Калин на изјавите на Брет Макгурк упатени против Турција

Ибрахим Калин, реагираше на статијата на поранешниот специјален претставник на Трамп за борба против ДЕАШ Брет Макгурк за весникот "Вашингтон пост" во која употребува недолични зборови против Турција и ги фали терористичките организации

1129209
Одговор од Ибрахим Калин на изјавите на Брет Макгурк упатени против Турција

На недоличните зборови против Турција на поранешниот специјален претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за борба против терористичката организација ДЕАШ Брет Макгурк во статијата што ја напиша за "Вашингтон пост", портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, одговори на својата сметка преку социјалната мрежа Твитер.

На статијата на Макгурк во која прави анализа на одлуката на САД за повлекување од Сирија при што употребува зборови против Турција и упатува пофалби на сметка на терористичките организации, портпаролот Ибрахим Калин реагираше со зборови:

"Вашата анализа е погрешна. Обвинувањата кои што ги упатувате против Турција се во целост апсурдни, тоа е само повторување  на пропагандата на ПКК. Турција им го спаси животот на стотици илјади сириски Арапи, Курди, Асирци и др. Сакате да и придадете нов  живот  на ПКК. Тоа нема да се оствари."

Поранешниот специјален претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за борба против терористичката организација ДЕАШ Брет Мекгурк, во својата статија во која ја критикува одлуката на Трамп за повлекување од Сирија, застанува во одбрана на тоа дека Турција не е доверлив партнер и изнесува пофалби на сметка на терористичките организации.



Слични вести