Од прес-конференцијата на Грахам: ЈПГ е поврзана со сепаратистичко-терористичката организација ПКК

Американскиот сенатор Линдзи Грахам одржа прес-конференција во Анкара на која истакна дека ЈПГ е поврзана со сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1129161
Од прес-конференцијата на Грахам: ЈПГ е поврзана со сепаратистичко-терористичката организација ПКК

Американскиот сенатор Линдзи Грахам кој допатува на средби и разговори во Анкара по приемот кај  претседателот на Реџеп Тајјип Ердоган и остварените средби со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за национална одбрана, Хулуси Акар, одржа состанок за претставниците на печатот.

Грахам истакна дека ЈПГ е поврзана со сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Велејќи дека во рамките на неговите остварени средби се појавило на преден план прашањето со Сирија и дека стратегијата на САД во времето на претходниот американски претседател Барак Обама беше погрешна, Грахам рече: „Кога дознав за планот за наоружување на ПЈД/ЈПГ многу добро знаев што значи тоа за Турција. ЈПГ е поврзана со ПКК. Доказите се мошне јасни.“

Линдзи Грахам правејќи проценка на желбата на САД за повлекувањето од североисточниот дел на Сирија, рече: „„Ја разбирам желбата (на администрацијата) за повлекување. Меѓутоа, повлекувањето без план би било хаос. Го предупредив претседателот Доналд Трамп да не го направи тоа што го направи Обама, односно да не излегува на тој начин.“

„Треба да ја заштитиме Турција и да го решиме проблемот (ЈПГ/ПКК) што го предизвикавме за Турција во Сирија. На претседателот му реков. Ако се повлекуваме и тоа не го направиме уредно, ќе создадеме кошмар за Турција. Обама, наоружувајќи ја ЈПГ, создаде кошмар за Турција. Трамп треба да биде многу внимателен во повлекувањето, и овој проблем не треба да ѝ го остави во прегратката на Турција.“ - рече Грахам.

Велејќи дека повлекувањето на САД без да ги постигнат овие цели можно е да предизвика војна од поширок обем во регионот, Грахам рече: „Повлекувањето нема да стави крај на војната што се води против терористичката организација ДЕАШ, туку ќе започне нова војна.“

Турција во овој случај ќе мора да ги исчисти вооружените терористички елементи во Сирија, истакна Тој и рече: „Некои од тие групи се групи кои ги вооруживме ние.“

Грахам напомена дека началникот на Генералштабот на САД Џозеф Данфорд има план за оддалечување на ЈПГ од Турција. 

Истакнуваќи дека безбедната зона ќе се формира за безбедноста на Турција, американскиот сенатор Линдзи Грахам рече: „Безбедната зона која ја предвидувам не е можно да се реализира без да се презентира Патната карта за Менбич. Најпрвин она што треба да го направиме ние како САД е да ја ставиме во примена Патната карта за Менбич. Тоа пак се заедничкото патролирање, оддалечувањето на ЈПГ од Менбич, а потоа формирањето на тампон зона која што ќе се протега кон источниот дел на Еуфрат. Ако тоа  не го направиме правилно во Менбич, не мислам дека ќе можеме правилно да ја формираме тампон зоната. Меѓутоа, ако успееме да ја применуваме правилно Патната карта за Менбич, тогаш безбедната зона ќе создаде состојба добивај-добивај (вин-вин) за сите.“

 



Слични вести