Нападот во Мунбич може да влијае врз одлуката за повлекување на САД од Сирија

Работата на ДЕАШ ќе ја завршиме на тие територии

1127372
Нападот во Мунбич може да влијае врз одлуката за повлекување на САД од Сирија

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со нападот во Мунбич рече дека добиле информации дека загинале 20 лица од кои 5 американски војници.

На заедничката прес конференција со претседателката на Хрватска Колионда Грабар Китаровиќ која престојува во официјална посета на Анкара, претседателот Ердоган рече нападот во Мунбич може да влијае врз одлуката за повлекување на САД од Сирија.

„На разговорите имав можност да ја видам одлучноста на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекувањето на американските сили од Сирија. Убеден сум дека последниот терористички напад нема да влијае врз одлуката на САД за повлекување од Сирија, во спротивно тоа ќе значи победа на терористичката организација ДЕАШ.

Турција ќе продолжи со борбата против терористичката организација ДЕАШ, бидејќи работата на ДЕАШ ќе ја завршиме на тие територии“ “ рече Ердоган.



Слични вести