Турција остро го осуди терористичкиот напад во Најроби

Во објавеното соопштение од МНР се истакнува следното: „ Со жалење е дочекана веста за терористичкиот напад на еден хотел во Најроби во кој го загубија животот и беа ранети голем број лица. Остро го осудуваме овој гнасен напад.“

1127215
Турција остро го осуди терористичкиот напад во Најроби

Турција остро го осуди терористичкиот напад што беше извршен вчера на еден хотел во главниот град на Кенија, Најроби.

Во објавеното соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува следното: „ Со жалење е дочекана веста за терористичкиот напад на еден хотел во Најроби во кој го загубија животот и беа ранети голем број лица. Остро го осудуваме овој гнасен напад.“

Во соопштението се изразува сочувство до блиските на загинатите во нападот, кенискиот народ и до кениската влада, а на ранетите им се поскаува побрзо оздравување.

Терористичката организација Еш-Шебаб вчера изврши напад на хотелскиот комплекс по име „DusitD2“ во областа Вестланд во главниот град на Кенија, Најроби, при што за време на вооружената престрелка до која дојде помеѓу напаѓачите и полицијата еден самоубиствен напаѓач го експлодира експлозивот на себе.

Во нападот според последни добиени информации животот го загубија 14 лица и сите напаѓачи беа убиени.



Слични вести