Средба на генерал на армија Јашар Ѓулер со американскиот началник Данфорд во Брисел

Началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер во седиштето на НАТО во Брисел се состана со началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД Џозеф Данфорд

1127284
Средба на генерал на армија Јашар Ѓулер со американскиот началник Данфорд во Брисел

Началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер кој по повод состанокот на началниците на генералштабовите на НАТО престојува во главниот град на Белгија Брисел во оваа прилика се состана со началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД Џозеф Данфорд.

Средбата се одржа во седиштето на Алијансата, беше затворена за медиумите и траеше приближно еден час.

Претходно портпаролката на Белата куќа Сарах Сандерс во објавеното соопштение во понеделник истакна дека двајцата началници на генералштабовите на двете земји Ѓулер и Данфорд ќе се состанат и ќе разговараат за соработката во Сирија.

Двајцата началници на генералптабови како последно се состанаа на 8 јануари за време на посетата на Данфорд на Анкара.

Како што се дознава на средбата, началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер го доставил сочувството на министерот за национална одбрана Хулуси Акар, до својот колега началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД Џозеф Данфорд поради бомбашкиот напад во Менбич во кој загинаа американски војници

Во пораката на министерот Хулуси Акар со сочувство се истакнува дека „Турција е подготвена за доставување на секој вид помош“ и оваа порака од страна на генерал на армија Јашар Ѓулер му била пренесена на американскиот началник Џозеф Данфорд.



Слични вести