Контролата над безбедносната зона во Сирија ќе биде во рацете на Турција

Турција ќе продолжи со спроведување на меката и тврда сила, политичките и дипломатски активности

1126473
Контролата над безбедносната зона во Сирија ќе биде во рацете на Турција

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин рече дека контролата над безбедносната зона што ќе се формира на границата на Сирија ќе биде во рацете на Турција.

На прес конференцијата во претседателскиот дворец во врска со дневниот ред на состанокот на владата, Калин рече дека детално беше разгледан  планот за повлекувањето на САД од Сирија. Исто така со голема решителност ќе продолжи борбата против тероризмот и терористичките организации чија цел се Турција и тоа во сите  полиња.

За остварување на предвидените цели, Турција ќе продолжи со спроведување на меката и тврда сила, политичките и дипломатски активности, како и сите други можности и ќе продолжи да присуствува како на терен така и на преговорите.

Надовзрувајќи се на претстојната посета на претседателот Ердоган на Русија која е планирана за 23 јануари, портпаролот Калин рече дека особено по одлуката на САД за повлекување од Сирија, посетата ќе биде насочена кон постигнување координација. Исто така ќе имаме можност да размениме мислења и во врска со случувањата во Сирија и билатералните односи.



Слични вести