Трамп: Разговаравме во врска со економскиот развој помеѓу САД и Турција

Американскиот претседател Доналд Трамп во врска со синоќешниот телефонски разговор со претседателот Ердоган објави соопштение на својата сметка на социјалната мрежа Твитер

1125792
Трамп: Разговаравме во врска со економскиот развој помеѓу САД и Турција

Американскиот претседател Доналд Трамп, телефонскиот разговор што го оствари синоќа со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, го прокоментира со зборовите: „Разговаравме во врска со економскиот развој помеѓу САД и Турција, и овде навистина постои голем потенцијал за негово проширување.“

Трамп во врска со синоќешниот телефонски разговор со претседателот Ердоган објави соопштение на својата сметка на социјалната мрежа Твитер.

„Разговаравме со претседателот Ердоган за да му пренесам каде стоиме во врска со сите прашања, вклучувајќи ја и успешната борба што ја водиме во последните две недели против остатоците на ДЕАШ и безбедната зона од 2 милји (32 километри). Освен тоа разговараме и во врска со економскиот развој помеѓу САД и турција, и овде навистина постои голем потенцијал за негово проширување.“

Синоќа беше остварен телефонски разговор помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп.

Во телефонскиот разговор на кој што освен билатералните односи беа разгледани последните случувања во Сирија, претседателот Ердоган го изрази своето задоволство од одлуката на неговиот колега Трамп за повлекување од Сирија.

Ердоган потсети дека во тие рамки Турција е подготвена да ја даде секој вид поддршка на САД, како сојузник во НАТО.  

Портпаролката на Белата куќа Сарах Сандерс исто така објави писмено соопштение во врска со телефонскиот разговор помеѓу Ердоган и Трампö каде што истакна дека во разговорот станало збор за билатералните односи, вклучувајќи го и повлекувањето на САД од Сирија.

 



Слични вести