„Ја отвораме нашата прегратка за сите во Сирија, независно од нивната етничка или верска припадност“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Турција ја отвора својата прегратка за сите во Сирија, независно од нивната етничка или верска припадност

1126245
„Ја отвораме нашата прегратка за сите во Сирија, независно од нивната етничка или верска припадност“

Претседателот на државата и воедно претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган денеска говореше на состанокот на Пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Ердоган во своето обраќање нагласи дека е нанесен голем удар врз присуството на ПКК/ЈПГ во Африн и напомена дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ која окупира дел од територијата на Сирија врши зулум врз другите групи кои не и се потчинуваат и дека документите за тоа им се доставени и на САД. 

„Прашањето е тоа. Мирот не се постигнува со зборови, туку во дело. Сега на ред се терористичките елементи во Менбич и источниот дел на реката Еуфрат, како и остатоците на ДЕАШ кои се вгнездени подоле.“ - рече Ердоган.

Осврнувајќи се и на објавата што американскиот претседател Доналд Трамп ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер по прашањето на Сирија, претседателот Ердоган: „Некои пораки кои што беа споделени вчера на сметката на господинот Трамп на социјалната мрежа предизвикаа жалење кај мене и моите другари. Синоќа овие прашања ги разгледовме со него преку телефон. Одржавме мошне позитивен разговор. Тој ја потврди својата одлука за повлекување на американските војници од Сирија. Прашањето со безбедната зона од 20 милји беше изнесена и од негова страна.“

Ердоган истакна дека во телефонскиот разговор му рекол на Трамп дека Турција ја отвора својата прегратка за сите во Сирија, независно од нивната етничка или верска припадност.

„Му рековме дека ПКК/ЈПГ врши зулум врз сите групи кои не и се потчинуваат. Му рековме дека документите за тоа им ги доставивме на неговите советници. Постигнавме договор по прашањето на фрлање побрзи чекори во правец на нашата цел за зголемување на обемот на нашата билатерална трговија на 75 милијарди долари.“ - рече Ердоган.

Велејќи дека покрај над 3,5 милиони бегалци кои се наоѓаат во Турција мора да се оди со одлучност кон прашањето со Сирија и од аспект на политичката и економската иднина, претседателот Еердоган своето обраќање го продолжи со следните зборови: „Додека во регионот делуваат слободно различни сили кои ја претворија Сирија во езеро од крв и солзи, оние кои сакаат Турција да седи и да чека со вкрстени раце, се оние кои прават сметка за пренесување на истата криза и на нашите територии. Никому не му дадовме, и нема да му дадеме една таква прилика.“

Ердоган подвлече дека не и се дава поддршка на етничката дискриминација и рече: „Турција е земја на сите луѓе кои живеат во нејзините граници, но и на сите наши браќа кои живеат надвор од нејзините граници. Турција е држава и на нашите курдски браќа. Им се обраќам на нашите курдски браќа; немојте да западнете во оваа игра.“

 



Слични вести