Екипите на турската крајбрежна стража од Егејското Море кај Кушадаси спасија 40 илегални имигранти

Екипите на турската крајбрежна стража од Егејското Море кај познатото туристичко одморалиште Кушадаси кај градот Ајдин спасија 40 илегални имигранти чиј брод почнал да пропушта вода, а беше извлечено мртвото тело и на едно 4 годишно девојче

1125713
Екипите на турската крајбрежна стража од Егејското Море кај Кушадаси спасија 40 илегални имигранти

Во Егејското Море во близина на населеното место, познатото туристичко одморалиште Кушадаси кај градот Ајдин брод кој што превезувал илегални имигранти почнал да пропушта вода.

По добиени информации дека бродот со илегални имигранти кој што почнал да пропушта вода се наоѓа на 5 милји од брегот кај Кушадаси екипите на Командата на крајбрежната стража веднаш тргнаа кон местото на настанот.

Според првични информации, екипите од водите на Егејското Море спасија 40 илегални имигранти, а беше извлечено мртвото тело и на едно 4 годишно девојче.

Спасените илегални имигранти меѓу кои имаше и деца беа однесени во Државната болница во Кушадаси.

Продолжуваат активностите за пребарување на екипите на Командата на крајбрежната стража во областа.



Слични вести