Сочувство од Турција до Франција по повод вчерашната експлозија во Париз

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со големо жалење е дочекана веста за човечките загуби и повредените во експлозијата до која дојде вчера (сабота) во Париз

1124752
Сочувство од Турција до Франција по повод вчерашната експлозија во Париз

Турција го изрази своето сочувство во врска со вчерашната експлозија до која дојде поради истекување на гас во главниот град на Франција, Париз.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со големо жалење е дочекана веста за човечките загуби и повредените во експлозијата до која дојде вчера (сабота) во Париз.

Во соопштението се вели следното: „Го изразуваме нашето сочувство до блиските на загинатите во експлозијата, како и до францускиот народ и француската влада, а на повредените им посакуваме побрзо оздравување.“

Инаку, вчера (сабота) наутро се појави пожар во една пекарница во 9'тото подрачје во францускиот главен град Париз, по што поради истекување на гас дојде и до експлозија.

Експлозијата предизвика голема штета во пекарницата и околните згради.

Јавното обвинителство на Париз соопшти дека во експлозијата животот го загубија двајца пожарникари, а 47 беа повредени од кои 10 потешко.



Слични вести