Претседателот Ердоган: Турско-катарската соработка ќе продолжи да зајакнува

Претседателот Ердоган истакна дека турско-катарската соработка ќе продолжи да зајакнува и во иднина од одбранбената индустрија до трговијата и од туризмот до енергијата

1124765
Претседателот Ердоган: Турско-катарската соработка ќе продолжи да зајакнува

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на „Идната 50 годишната средба БМЏ“ во населеното место Карасу во градот Сакарја истакна дека за инает на зборовите „Турција пропадна, производството сопре“ продолжуваат и инвестициите и производството.

Ердоган рече дека силата на Турција во одбранбената индустрија достигна до 68 отсто.

Тој нагласи дека Турција ќе продолжи по својот пат цврсто исправена на нозе. 

Привлекувајќи внимание дека Турција со својот воен капацитет, економските, политичките и дипломатските способности мора да биде силна, Ердоган рече: „Нашата сила на одвраќање треба да биде многу посилна поготово во сферата на одбранбената индустрија.“

Претседателот Ердоган напомена дека силата на одбранбената индустрија на Турција ќе се зголеми уште повеќе и рече: „Нашата сила во одбранбената индустрија кога тргнавме на пат (2002 година) беше некаде околу 20 отсто, додека сега достигна до околу 68 отсто. Дали е доволно или не, ќе се искачиме уште погоре.“

Нагласувајќи дека опадна процентот на зависност од надвор во одбранбената индустрија, Ердоган наведе дека процентот на зависност од надвор кој што во 2002 година изнесуваше 80 отсто, опадна на ниво од околу 35 отсто.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган потсети дека Катар застана покрај Турција за време на секој вид тешкотија со која што се соочи и рече: „Никако не ја заборавивме и нема да ја заборавиме солидарноста која што ја презентираа нашите катарски браќа со нашат аземја. Турско-катарската соработка ќе продолжи да зајакнува и во иднина од одбранбената индустрија до трговијата и од туризмот до енергијата.“



Слични вести