Паладино: Чавушоглу и Помпео постигнаа согласност по прашањето на процесот на повлекување од Сирија

Портпаролот на американскиот државен секретаријат Роберт Паладино информираше за вчерашниот остварен телефонски разговор помеѓу министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и американскиот државен секретар Мајк Помпео

1124551
Паладино: Чавушоглу и Помпео постигнаа согласност по прашањето на процесот на повлекување од Сирија

Портпаролот на американскиот државен секретаријат Роберт Паладино објави писмено соопштение во врска со вчерашниот освтарен телефонски разговор помеѓу министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Паладино истакна дека двајцата шефови на дипломатии Чавушоглу и Помпео разговараа за процесот на повлекување на САД од Сирија.

Паладино напомена дека Помпео и Чавушоглу постигнаа согласност по прашањето на значењето на солидарноста помеѓу САД и Турција, како дел од наменските и координираното повлекување на американските сили од Сирија.

"Државниот секретар Помпео го нагласи значењето кое што САД го придаваат на одбраната на силите кои работат заедно со глобалната коалиција во борбата против ДЕАШ, а воедно го повтори ветувањето во правец на надминување на безбедносните грижи на Турција на границата со Сирија." - истакна портпаролот на американскиот државен секретаријат Роберт Паладино.

 



Слични вести