Акар: Интензивно ќе продолжат работите за развивање на стратегии и технологии за национална одбрана

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна во градот Сакарја дека интензивно ќе продолжат работите за развивање на стратегии и технологии за национална одбрана

1124774
Акар: Интензивно ќе продолжат работите за развивање на стратегии и технологии за национална одбрана

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар говореше на состанокот „Идната 50 годишната средба БМЏ“ во населеното место Карасу во градот Сакарја.

Акар истакна дека во успешните резултати кои што се постигнуваат во операциите во борбата против тероризмот кои што се водат внатре во границите на земјата и надвор преку границата, освен јунаштвото и самопожртвуваноста на турските војници (Мехметчик) се уочува и значењето на воената опрема и оружјето кои што се потпираат на восиоката технологија развиена од страна на домашната и националната одбранбена индустрија.

Хулуси Акар напомена дека за опстанокот и постоењето на Турција домашното и националното производство се елементи без кои што се не може.

Велејќи дека едниот од елементите без кои што се не може за успехот е и силната одбранбена индустрија, Хулуси Акар рече: „Домашното и националното производство за нашата земја не се избор, туку се дојдени во состојба на задолжителност кои го засегаат нашето постоење и нашиот опстанок, без кои што се не може. Турција, за да опстои на овие простори (на оваа географија) мора да ги произведува своето сопствено оружје и својата опрема за војување, мора да биде силна, да располага со сила на одвраќање и да биде успешна со сопственото оружје. Онолку колку што географијата е судбина, толку и Турција е судбина на оваа географија.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар додаде дека интензивно ќе продолжат работите за развивање на стратегии и технологии за национална одбрана.

Министерот за идндустрија и технологија Мустафа Варанк исто така во говорот што го одржа рече: „Нашата цел не претставува да бидеме подизведувачи на меѓународните произведувачи за национална одбрана, туку нашата сопствена домашна и национална одбрана да ја доведеме во положба на светски бренд.“



Слични вести