Турска делегација на 5 февруари ќе отпатува на разговори во САД

Турска делегација на 5 февруари ќе отпатува на разговори во САД каде што ќе бидат поставени на маса прашања како Сирија и борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) и сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1124085
Турска делегација на 5 февруари ќе отпатува на разговори во САД

Турска делегација предводена од заменик-министерот за надворешни работи Седат Онал на 5 февруари ќе отпатува на разговори во САД.

Според добиени информации од дипломатски извори, делегацијата предводена од заменик-министерот за надворешни работи Седат Онал во рамките на состаноците на  турско-амрриканската заедничка работна група на 5 февруари ќе замине за САД.

На разговорите на делегацијата во САД се очекува да бидат разгледани прашања како што се Сирија и борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО)  и сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Делегација на САД составена од Советникот за национална безбедност на претседателот Трамп, Џон Болтон, Џејмс Џефри кој на местото на Брет Мекгурк беше назначен за специјален претставник на глобалната коалиција за борба против ДЕАШ и началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД Џозеф Данфорд на 7 и 8 јануари престојуваа на разговори во Анкара.

 



Слични вести