Потпретседателот Фуат Октај во Каракас се состана со кубанскиот претседател Мигуел Диаз Канел

На средбата беше истакнато дека билатералните односи помеѓу двете земи кои што започнаа со остварената посета на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во 2015 година на Куба, со оваа средба уште повеќе се зацврстени

1124037
Потпретседателот Фуат Октај во Каракас се состана со кубанскиот претседател Мигуел Диаз Канел

Потпретседателот Фуат Октај кој отпатува во посета на Венецуела каде што учествуваше на церемонијата на полагање заклетва на претседателот Николас Мадуро, во оваа прилика остварува и низа билатерални средби.

Во тие рамки, Октај во Воената академија во Каракас се состана со кубанскиот претседател Мигуел Диаз Канел.

На средбата беше истакнато дека билатералните односи помеѓу двете земи кои што започнаа со остварената посета на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во 2015 година на Куба, со оваа средба уште повеќе се зацврстени.

На средбата беше изнесена потребата од зголемување на можностите за соработка со Куба во секоја сфера и беше постигната согласност по прашањето на реализација на заеднички активности во секторите на биотехнологијата, туризмот и обновливата енергија.

Беше постигната согласност, состанокот на мешовитата економска комисија помеѓу Турција и Куба во 2019 година да се одржи за време на посетата што ќе ја оствари кубанскиот претседател Мигуел Диаз Канел на Турција, на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. 

Во меѓувреме, потпретседателот Фуат Октај го прими и палестинскиот министер за надворешни работи Ријад Малки.

На приемот беше нагласено дека Турција секогаш застанува во одбрана на праведната кауза на Палестина и со сите свои можности стои покрај палестинскиот народ.



Слични вести