Болтон: Воените разговори со Турција ќе продолжат и наредната недела

Советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон истакна дека воените разговори со Турција ќе продолжат и наредната недела и рече: „Се надеваме дека разговорите со Турција ќе вродат прифатливи резултати и за двете страни.“

1124077
Болтон: Воените разговори со Турција ќе продолжат и наредната недела

Советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон истакна дека воените разговори со Турција ќе продолжат и наредната недела.

Од Болтон кој за време на остварените разговори оваа недела во Турција оствари средби во врска со процесот за повлекување на американските војници од Сирија, пристигнаа нови изјави во врска со одлуката на САД за повлекување.

Велејќи дека воените разговори ќе продолжат наредната недела, Болтон рече: „Се надеваме дека разговорите со Турција ќе вродат прифатливи резултати и за двете страни.“

Џон Болтон напомена дека заедно со Турција треба да се спречи да дојде до влошување на ситуацијата во Сирија и нагласи дека тоа е од критично значење.

Инаку, Советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон оваа недела допатува во Анкара каде што се состана со портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин и за време на оваа средба беа поставени на маса последните случувања во Сирија.

Болтон замина од Турција без да биде примен кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести