Претседателот Ердоган: Културата и уметноста се значајно прашање на опстојување (постоење)

Претседателот Ердоган на церемонијата на доделување на „Специјалните награди на Министерството за култура и туризам 2018“ во претседателската палата, во Бештепе во Анкара, истакна дека културата и уметноста се значајно прашање на опстојување (постоење)

1123279
Претседателот Ердоган: Културата и уметноста се значајно прашање на опстојување (постоење)

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата на доделување на „Специјалните награди на Министерството за култура и туризам 2018“ што се одржа во претседателската палата во Бештепе во Анкара.

Ердоган во оваа пригода истакна дека културата и уметноста се значајно прашање на опстојување (постоење).

Беа сопштени годинашните добитници на големите награди кои што уште од 1979 година се доделуваат секоја година од страна на Министерството за култура и туризам и кои почнувајќи од 2016 година се нарекуваат „Специјални награди на Министерството за култура и туризам“. 

Добитник на едната од Специјалните награди на министерството за 2018 година стана „Центарот за архива и истражување Ара Ѓулер (АГАВАМ) Музејот Ара Ѓулер“ формиран со поддршка на „Музичкото друштво Емин Онган“ и Групацијата Догуш. 

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде истакна дека прашањето на културата и уметноста го оценува како значајно прашање на опстојување (постоење), најмалку колку и борбата против тероризмот, надворешната политика и сферите на услуги.

Ердоган рече: „Иншаллах (со Аллахова помош) во новиот период нашата земја ќе ја искачиме на нивото кое што го заслужува во културата, уметноста, архитектурата и урбанизацијата“.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така напомена дека Советот на политики за култура и уметност кој што е формиран во склопот на претседателскиот кабинет ќе придонесе во изградбата на политиките во оваа сфера, а воедно ќе ги следи и работите кои што се реализираат на ова поле.



Слични вести