Потпретседателот Фуат Октај замина за Венецуела по повод церемонијата на полагање заклетва на Мадуро

Потпретседателот Фуат Октај на аеродромот Симон Боливар во главниот град Каракас беше пречекан од страна на венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареаза и министерот за планирање Рикардо Менендез

1122742
Потпретседателот Фуат Октај замина за Венецуела по повод церемонијата на полагање заклетва на Мадуро
Cumhurbaşkanı Yardımcısı Fuat Oktay Venezuella.jpg
Cumhurbaşkanı Yardımcısı Fuat Oktay Venezuella 1.jpg
Cumhurbaşkanı Yardımcısı Fuat Oktay Venezuella 2.jpg
Cumhurbaşkanı Yardımcısı Fuat Oktay Venezuella 3.jpg

Потпретседателот Фуат Октај отпатува за Венецуела каде што ќе присуствува на церемонијата на полагање заклетва на претседателот на оваа латиноамериканска држава, Николас Мадуро.

Фуат Октај на аеродромот Симон Боливар во главниот град Каракас беше пречекан од страна на венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареаза и министерот за планирање Рикардо Менендез. 

Во дадената изјава на аеродромот, Октај истакна дека во последниот период е постигнат голем напредок во односите помеѓу двете земји и го изрази задоволството од тоа.

Велејќи дека разговорите помеѓу делегациите на двете змеји кои што беа остварени за време на последната посета на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Венецуела ги издигнаа односите помеѓу двете земји на уште повисоко ниво, Фуат Октај напомена дека допатува во Каракас за преразгледување на постигнатиот напредок и особено да ги претставува Турција и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на церемонијата на полагање заклетва на претседателот Николас Мадуро. 

Потпретседателот Фуат Октај нагласи дека доаѓањето повторно на власт на Маудор по пат на демократските гласови на народот претставува наговесник на поубави денови и за венецуеласкиот народ и за Венецуела.

„Ги доставувам поздравите на нашиот гасподин претседател до венецуелскиот народ. По повод церемонијата на полагање заклетва на господинот Мадуро ќе изнајдеме можност за преразгледување на односите помеѓу Турција и Венецуела.“

Во меѓувреме, потпретседателот Фуат Октај во хотелот во Каракас, во кој престојува се состана со претседателот на Боливија Хуан Ево Моралес Ајма.

На средбата беше истакнато дека со тоа што Турција минатата година отвори своја амбасада во Боливија е постигнат значаен напредок  во односите помеѓу двете земји, а беше постигната согласност и Боливија во првата половина од оваа (2019) година да отвори своја амбасада во Турција.  

На средбата исто така беше постигната согласност и по прашањето за одржување во најскоро време на состанокот на Мешовитата економска комисија помеѓу Турција и Боливија за кој што се планира да се одржи подолго време, а беше нагласено и значењето од зголемување на блиската соработка помеѓу двете земји во голем број сфери, на чело со одбранбената индустрија.

Освен тоа боливискиот претседател Моралес го истакна и тоа дека неговата земја дава целосна поддршка на Турција во борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).

 



Слични вести