Емине Ердоган им го честита на претставниците на печатот 10 јануари Денот на новинарите

Сопругата на претседателот Ердоган, Емине Ердоган, на својата сметка на социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографии со кои им го честита на сите претставници на печатот 10 јануари Денот на новинарите

1123320
Емине Ердоган им го честита на претставниците на печатот 10 јануари Денот на новинарите

Сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Емине Ердоган, со фотографија што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм им го честита на новинарите 10 јануари Денот на новинарите.

Госпоѓа Емине Ердоган во својата објава сподели и една фотографија на која се гледа како снима со камера и една нејзина фотографија  сликана од страна на новинарите за време на нејзината посета на Мјанмар.

Емине Ердоган под овие нејзини споделени фотографии напиша: 

"Им го честитам 10 јануари Денот на новинарите на сите претставници на печатот кои насекаде во светот под тешки услови ја извршуваат својата задача за точно, непристрасно, вистинско и етичко информирање, како право на граѓаните за нивно информирање. На сите претставници на печатот од камермани до дописници и од фоторепортери до уредници, ги отвараат пред нас прозорците на световите до кои што ние не можеме да достигнеме. На секој од нив одделно му благодарам од се срце."

 



Слични вести