Грчкиот премиер Алексис Ципрас најави дека на почетокот на февруари ќе допатува во посета на Турција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за телевизијата „Опен“ во врска со посетата на Турција која што е испланирана на покана на претседателот Ердоган рече: „На почетокот на февруари ќе заминам за Турција. Меѓутоа точниот датум се уште не е познат.“

1122693
Грчкиот премиер Алексис Ципрас најави дека на почетокот на февруари ќе допатува во посета на Турција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас истакна дека во февруари ќе отпатува во посета на Турција.

Ципрас во интервју за грчката телевизија „Опен“ во врска со посетата на Турција која што е испланирана на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „На почетокот на февруари ќе заминам за Турција. Меѓутоа точниот датум се уште не е познат.“ 

Привлекувајќи внимание кон тоа дека каналите за комуникација помеѓу двете земји треба да бидат отворени особено тогаш кога постои проблем, Ципрас рече: „Значајно е овие канали со Ердоган да бидат отворени, поготово кога постои проблем. Ионака со него се состанувам на меѓународни состаноци еднаш на секои 2-3 месеци. Бидејќи, блискиот контакт, особено на највисоко ниво е мошнен значаен.“

Во меѓувреме, грчкиот премиер Алексис Ципрас го истакна и тоа дека доколку владиниот коалиционен партнер АНЕЛ ја повлече поддршката на Владата поради Договорот за името со Македонија, би можел да побара доверба од Парламентот и дека доколку не добие доверба би можело да се оди на предвремени избори во земјата.



Слични вести