Турција повторно ќе почне со производство на коноп

Заедно со 2019 година, Турција ќе премине во еден нов период на силен подем и развој

1122529
Турција повторно ќе почне со производство на коноп

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција повторно ќе почне со производството на коноп.

Во говорот на симпозиумот посветен на локалната управа во новиот претседателски систем што се одржа во претседателскиот дворец Бештепе, Ердоган рече дека непријателските земји кои навидум се претставуваат како пријателски, го презедоа производството на коноп од Турција.

Денес за жал конопот во Турција се увезува, рече Ердоган потенцирајќи дека министерството за земјоделство започна активности за повторното производство на конопот. Турција повторно ќе започне со производството на коноп.

Претседателот Ердоган во говорот се осврна и на просечната инфлационата стапка во 16 годишниот период на власта на АК партијата и рече дека изнесува 9,54 отсто. Во споредба со претходните влади сме многу поуспешни.

Заедно со 2019 година, Турција ќе премине во еден нов период на силен подем и развој. Никој не треба да се сомнева во тоа, рече рече Ердоган.



Слични вести