Министерот за национална одбрана Акар го прими началникот на американскиот Генералштаб Данфорд

Во соопштението од Министерството за национална одбрана се вели следното: „Беа разменети мислења по прашањата на собирање на доделеното оружје на терористичката организација ПКК/ЈПГ и борбата против терористичките организации, вклучувајќи ја и ДЕАШ“

1121809
Министерот за национална одбрана Акар го прими началникот на американскиот Генералштаб Данфорд
Akar.jpg
akar dunford.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар вчера вечер го прими началникот на Здружениот генералштаб на Воружените сили на САД Џозеф Данфорд кој допатува на средби и разговори во Анкара.

На средбата присуствуваше и началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се вели следното: „Беа разменети мислења по прашањата на собирањето на доделеното оружје на терористичката организација ПКК/ЈПГ и борбата против терористичките организации, вклучувајќи ја и ДЕАШ.“

Според соопштението, министерот Хулуси Акар до своите американски соговорници нагласил дека треба набрзина да се заокружи Патната карта за Менбич и што поскоро терористичката органзиација ПКК/ЈПГ да биде извадена од подрачјето.

Освен тоа министерот за национална одбрана Хулуси Акар напоменал дека Турција е одлучна да ги преземе сите видови мерки за безбедноста на своите граници и стабилноста на регионот.



Слични вести