Претседателот Ердоган напиша статија за американскиот весник „Њујорк Тајмс“

Претседателот Р. Т. Ердоган во статијата што ја напиша за американскиот весник „Њујорк Тајмс“ истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп со донесената одлука за повлекување од Сирија, постапи правилно

1121194
Претседателот Ердоган напиша статија за американскиот весник „Њујорк Тајмс“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напиша статија за американскиот весник „Њујорк Тајмс“.

Ердоган во оваа своја статија се осврна на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување од Сирија и изнесувајќи ја потребата од соработка со вистински партнери во планирањето за повлекување го нагласи значењето на Турција во овој процес.

Тој нагласи дека американскиот претседател Доналд Трамп со донесената одлука за повлекување од Сирија, постапи правилно.

„За да би можеле да се одбранат интересите на САД, меѓународната заедница и сирискиот народ, повлекувањето треба да се испланира внимателно и да се стави во примена во соработка со вистински партнери. Турција која располага со втората по големина армија на НАТО, е во позиција на единствена земја која располага со сила и одлучност за исполнување на оваа задача.“ - напиша во оваа своја статија Ердоган и подвлече дека Турција нема било какви проблеми со сириските Курди, а воедно привлече внимание на тоа дека сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК ги наоружува децата.

Претседателот Ердоган рече: „Знаеме дека гоолем број млади Сиријци во услови на војна и поради тоа што немаат друг избор, се приклучуваат кон ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на ПКК која се прифаќа како терористичка организација од страна на Турција и САД. Според Организацијата за следење на човековите права, терористите на ЈПГ ги наоружуваат децата и со тоа го прекршуваат меѓународното право. По повлекувањето на САД од Сирија ќе реализираме детално истражување и децата-борци ќе им ги вратиме на нивните семејства.“

Правејќи проценка и на борбата на Турција против терористичката организација ДЕАШ, претседателот Ердоган даде порака за одлучност во борбата против тероризмот.

Ердоган нагласи дека со реализираните операции Еуфратски штит и Маслиново гранче е елиминиран пристапот на ДЕАШ до границите на НАТО и го подвлече следното: „Им нанесовме сериозна штета на нивните способности за реализација на терористички напади во Турција и Европа. Терористите никако нема да победат. Турција ќе продолжи да ги фрла сите неопходни чекори како за сопствената безбедност, така и за доброто на меѓународната заедница.“

Давајќи ги и предзнаците во врска со актерите кои ќе одиграт улога во иднината на Сирија, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата статија напиша: „Еден друг наш приоритет пак, е да се воспостави задоволително политичко претставување на сите средини. Териториите на Сирија кои се под надзор на Турција и кои моментално се под контрола на терористичките организации ЈПГ/ПКК или ДЕАШ, ќе бидат управувани од страна на локални собранија кои ќе бидат избрани од страна на народот, на избори. Секој оној кој нема да биде поврзан со терористичките организации ќе располага со право да ги претставува своите заедници.“ 

Ердоган нагласи дека Турција вложува големи напори за воспоставување на територијалниот интегритет на Сирија.

„Турција посакува сите свои чекори во овој процес да ги фрла во соработка и координација со своите пријателски и сојузнички земји. Ние како земја која учествува во процесите од Женева и Астана, сме во позиција на единствен партнер кој што може да работи истовремено и со САД и со Русија. Прашањето во Сирија ќе го решиме на основа на овие партнерства.“ - напиша претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата статија за американскиот весник „Њујорк Тајмс“.

 



Слични вести