Од Омер Челик до САД: „Прашањата со безбедноста на Турција не можат да бидат предмет на играње на време или пазарење“

„Прашањата со безбедноста на Турција не можат да биде предмет на било какво играње на време, одолговлечување на процесот или пазарење“ - рече портпаролот на владејачката АК Партијата Омер Челик

1121765
Од Омер Челик до САД: „Прашањата со безбедноста на Турција не можат да бидат предмет на играње на време или пазарење“

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик во изјавата што ја даде на крајот на состанокот на Централниот извршен совет на партијата истакна дека прашањата со безбедноста на Турција не можат да биде предмет на било какво играње на време, одолговлечување на процесот или пазарење.

Велејќи „Кога ќе се рече сојузник земја која најпрвин ќе им дојде на ум на САД треба да биде Турција, Омер Челик рече: „Меѓутоа, тоа што за една терористичка организација говорат како нивен 'сојузник' претставува големо прекршување.“

Челик нагласи дека секој оној кој и вели на Република Турција „не допирајте ги Курдите“, треба најпрвин да се погледне во огледало.

„Нека се сетат на зулумот што го извршија врз Курдите. Република Турција им е пријател и на Курдите, и на Арапите и на Туркменците во регионот. Историјата покажала повеќе пати досега дека единствениот пријател на овие народи е Турција. Не треба да се заборави дека никој, ама баш никој не може да и одржува лекција на Република Турција по прашањето на застанување во одбрана на нашите курдски браќа. Најголемиот пријател, па дури и единствениот пријател на Курдите е Република Турција. Прашањата со безбедноста на Турција не можат да биде предмет на било какво играње на време, одолговлечување на процесот или пазарење. Една ноќ можеме ненадејно да отидеме таму (источно од реката Еуфрат).“ рече портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик.

 



Слични вести