Ибрахим Калин: САД не треба да ги мешаат една со друга терористичката ЈПГ/ПЈД/ПКК и сириските Курди

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин истакна дека САД не треба да ги мешаат една со друга сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПЈД/ПКК и сириските Курди

1121651
Ибрахим Калин: САД не треба да ги мешаат една со друга терористичката ЈПГ/ПЈД/ПКК и сириските Курди

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, одржа состанок за претставниците на печатот посветен на остварената средба со американската делегација предводена од Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон која што се одржа денеска во претседателската палата Куллијето во Бештепе во Анкара.

Притоа Калин нагласи дека САД не треба да ги мешаат една со друга сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПЈД/ПКК и сириските Курди.

Ибрахим Калин напомена дека со американската делегација детално било разговарано за тоа како ќе се одвива процесот на повлекување на американските војници од Сирија и рече: „Треба да се разјаснат и прашањата како што се каква структура ќе се остави во подрачјето по повлекувањето, особено што ќе биде со доделеното тешко оружје (на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПЈД/ПКК од страна на САД), судбината на тамошните бази и логистички центри на американските војници. На овој состанок разговаравме детално по сиве овие прашања.“

Нагласувајќи дека терористите припадници на ЈПГ/ПЈД/ПКК не можат да ги претставуваат Курдите, Калин продолжи со следните зборови: „Реагиравме на споредувањето што се прави помеѓу сириските Курди и ЈПГ/ПЈД/ПКК. Прашањето во врска со поддршката на ЈПГ/ПЈД/ПКК продолжува да претставува проблем за администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Не треба да дозволиме процесот на повлекување да создаде нова сфера, простор на прилика за терористичките организации вклучувајќи ја и ЈПГ/ПЈД/ПКК, како и за други елементи. Нашиот став о прашањето на ЈПГ/ПЈД/ПКК е јасен. Патната карта за Менбич треба да се применува онака како што е постигната согласност. Турција го прави и ќе продолжи да го прави она што и припаѓа нејзе за да не дојде до никаква штета по животот на ниту едно цивилно лице и по имотот во Сирија, вклучувајќи ги и Курдите.“

Ибрахим Калин направи проценка и на тврдењата околу тоа дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го одбил барањето на Советникот за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, за средба, во врска со што рече: „Господинот претседател немаше ветено и немаше закажано термин за средба со Болтон. Соговорникот на Болтон е познат. Не би било праведно ова да се оценува како реакција.  изјавите на Болтон во Израел станаа причина за појава на реакција. Аргументите од видот на тоа дека 'Турција ќе ги масакрира Курдите' се пропаганда на ПКК.“ 

Велејќи дека му предал две досиеја на Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Трамп, Џон Болтон, Калин истакна дека едното од тие досиеја е во врска со злосторствата и прекршувањата на човековите права кои што ги врши ЈПГ/ПЈД/ПКК во Сирија.

„Нашето очекување е да биде соберено целото оруже. Не информираа дека работеле во врска со тоа, меѓутоа деталите ќе се појават во наредните денови. (По прашањето на операцијата) Ние би работеле координирано со секого, меѓутоа нема да побараме дозвола од никого.“ - рече портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин.

 



Слични вести