Јеменскиот претседател Абдурабу Мансур Хади: Помеѓу Јемен и Турција постојат длабоки врски

Според јеменската Новинска агенција "САБА", јеменскиот претседател Абдурабу Мансур Хади го прими во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, амбасадорот на Турција во Сана Левент Елер чиј мандат заврши

1120231
Јеменскиот претседател Абдурабу Мансур Хади: Помеѓу Јемен и Турција постојат длабоки врски

Јеменскиот претседател Абдурабу Мансур Хади истакна дека помеѓу неговата земја и Турција постојат длабоки врски.

Според јеменската Новинска агенција „САБА“, јеменскиот претседател Абдурабу Мансур Хади го прими во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, амбасадорот на Турција во Сана Левент Елер чиј мандат заврши.

Во оваа пригода јеменскиот претседател Хади истакна дека го цени напорот што го водеше амбасадорот Левент Елер во текот на својот мандат во име на зајакнување на односите помеѓу двете земји и нагласи дека помеѓу Турција и Јемен постојат длабоки врски. 

Амбасадорот на Турција во Сана Левент Елер пак говореше со пофалба за олеснувањата и соработката кои што му беа покажани за време на неговата амбасадорска должност и истакна дека Турција нема да ја промени својата позиција со која го поддржува Јемен и неговата легитимна управа.

Левент Елер за амбасадор на Турција во Јемен беше назначен во 2016 година.



Слични вести