Џон Болтон и американската делегација во негова придружба допатуваа на разговори во Анкара

Американската делегација составена од Советникот за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, началникот на Вооружените сили на САД Џозеф Данфорд и специјалниот претставник за Сирија и за борба против ДЕАШ Џејмс Џефри, допатува на разговори во Анкара

1120844
Џон Болтон и американската делегација во негова придружба допатуваа на разговори во Анкара

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, и делегацијата во негова придружба составена од високи функционери на САД, допатуваа во Анкара на разговори со турските функционери. 

Во американската делегација која по остварените средби и разговори во Израел допатува во Турција, освен Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, се наоѓаат и началникот на Здружениот генералштаб на Воружените сили на САД Џозеф Данфорд и специјалниот претставник за Сирија Џејмс Џефри, кој воедно беше назначен и за специјален претставник на глобалната коалиција за борба против ДЕАШ, на местото на досегашниот Брет Мекгурк кој пред неколку дена поднесе оставка. 

На разговорите кои што ќе ги оствари американската делегација со турските функционери се очекува да бидат разгледани прашања како што се пред се случувањата во подрачјето на Менбич и другите области на Сирија, борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) и сепаратистичко-терористичката организација ПКК, одбранбените системи Патриот и економските односи помеѓу Турција и САД.

Американската делегација се планира да замине од Турција утре. 

 



Слични вести