Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани 7 терористи на ПКК

Турски воени авиони реализираа воздушна операција на областа Авашин-Басјан на северот на Ирак во која беа неутрализирани 7 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1120018
Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани 7 терористи на ПКК

Во реализирана воздушна операција во северниот дел на Ирак се неутрализирани 7 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според соопштението објавено на сметката на социјалната мрежа Твитер на Министерството за национална одбрана, вчера беше реализирана воздушна операција на областа Авашин-Басјан на северот на Ирак.

Во операцијата беа уништени пештери и скривници кои што биле употребувани од страна на терористичката организација и беа неутрализирани 7 мина терористи кои се подготвувале за напад на пограничните воени бази.



Слични вести